речник контакт

Без струја 24 часа населени места од велешко и општина Чашка

На здобиени повреди на глава се пожалила велешанка, која помош побарала во Болница

Петар Печков

Повеќе населени места во велешко Башино село, Сопот, Новачани, Иванковци, Кумарино, Отовица, Мамутчево, Сујаклари, Дурутовец, Бузалково, Сливник, Горно Оризари, Раштани, Клуковец, и без малку сите во Општина Чашка се  24 часа без електрична енергија.

Реакциите на жителите се жестоки, бидејќи се што чувале во фрижидерите се одмрзнало и имаат големи штети. Гостите кои викендов дошле во Оморани, Нежилово, Богомила, морале да си заминат.   Од ЕВН објаснуваат дека причината е големото невреме вчера, кое го зафати градот Велес.

„Како последица од силното невреме кое го зафати Велес и околината, се соочуваме со оштетувања на електродистрибутивната мрежа, односно искинати проводници, скршени столбови и сл. Екипите на Електродистрибуција се постојано на терен и работат на отстранување на дефектите“ - одговорија од ЕВН на поставеното прашање на ТрМр.Некои од овие потрошувачи попладнево околу 17ч., добиле струја.

Вчерашното невреме , силниот ветер освен што предизвика прекин на редовниот живот го градот, имаше и едно повредено лице. Жена В.Г. била повредена, според нејзино кажување од лесонитна плоча, која паднала од некоја од зградите, на паркингот кај Новото пазарче во Населба. Помош побарала во велешка Болница.  Таа, според информациите од оваа здравствена институција,  имала  површински повреди на главата и била пружена лекарска помош, била задржана на опсервација  и околу полноќ, по нејзино барање заминала дома.

Од покривот кој летна од т.н. социјална зграда во населба Тунел, имало оштетени автомобили. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »