речник контакт

Безбедносната состојба во првата половина на годинава е подобрена, вели командирот на ПС Велес, Александар Костов

Во текот на месеците март и април поради бројните кражби во стариот дел на градот, имаше „бунт“ на жителите од кај Црна Џамија и Рамина

Петар Печков


Безбедносната состојба во Велес, е  подобрена  во првата половина на годинава, споредено со ланската. Ова е оценката на командирот на Полициска станица Велес, Александар Костов, дадена на последната седница на Советот. На неа се разгледуваше точката за информацијата за работата  на СВР Велес, за првите шест месеци  од годинава.

„Во однос на ланската година, првите шест месеци годинава има подобрување на безбедносната состојба на неколку сегменти во Велес. Има намалување на бројот на прекршоци на јавниот ред и мир. Има пет пати  поголема заплена на нелегално пресечено огревно  дрвја, и заплена на возила кои тоа го пренесуваа. Имаме зголемен  број на откриени прекршоци во угостителски објекти, присуство на малолетници и гласна музика.   Битно се подобри состојбата во делот на градот, позната како „спротива“ каде имавме голем број кражби, откако  таму голема  серија на   кривични дела, со елементи на насилство, разбојништва и тешки кражби.    Беа уапсени  пет лица, на кои добија и мерка притвор“ - кажа Костов.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »