Петар Печков
Објавено: четврток, 12 февруари 2026
На репертоарот на Киноверзум Велес наредните седум дена е безвременската љубовна приказна „Оркански висови“ според романот на Емили Бронте. Страсна и бурна љубовна приказна сместена во позадината на јоркширските мочуришта, која ја истражува интензивната и разорна врска меѓу Хитклиф и Кетрин Ерншо. Свежа и модерна адаптација на една од најпознатите љубовни приказни на сите времиња. Марго Роби и Џејкоб Елорди ја предводат актерската екипа во новата, визуелно раскошна адаптација на безвременската класика „Оркански височини“ на режисерката и оскаровка Емералд Фенел (Promising Young Woman), која ни носи свежа и модерна адаптација на една од најпознатите љубовни приказни на сите времиња. На зафрлените и ветровити висорамнини во Англија, помеѓу двете измачени души Кети и Хитклиф, се раѓа страст што пркоси на сè – на разумот, на моралот, на општеството. Нивната љубов, еднакво силна колку и деструктивна, се претвора во опсесија што прогонува цели генерации. Филмот има премеира вечерва од четврток во 20ч. петок, понеделник вторник и среда ви истиот термин и во сабота и недела од 22,15ч.
И оваа седмица се прикажува регионалниот блокбастер „Свадба“, кој ги полни салите, вклучувајќи го и Киноверзум Велес. Хрватскиот филм се прикажува во два термини од 18,15 и 22,15 освен во сабота и недела во 18,15 и 20,15ч. Љубовната врска на млада Хрватица и Србин, оптоварена со родителските обичаи, традициски, предрасуди создаваат бројни комични ситуации.
| Tweet |




