Петар Печков
Објавено: среда, 16 декември 2020
Граѓанските организации НВО Инфоцентар од Скопје и Активо од Велес, денеска донираа безконтактни топломери наменети за децата од Детската градинка „Димче Мирчев“ од Велес.
Препознавајќи ги потребите на локалната заедница за заштита од пандемијата ковид-19, преку оваа граѓанска иницијатива им помагаме на градинките, успешно и во континуитет да ги спроведуваат протоколите за заштита и превенција од корона вирусот. Нашата акција е само мал придонес кон заедничката борба против Ковид-19 и заедничките напори да им овозможиме на децата безбеден, безгрижен и разигран престој во градинките дури и во услови на пандемија“- изјавија од двете граѓански организации.
Оваа граѓанска акција е дел од проектот „Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“ поддржан од Меѓународниот центар „Улоф Палме“ од Шведска.
Tweet |