Петар Печков
Објавено: петок, 22 април 2011
Тоа беше барање во судскиот процес општина Велес, против Република Македонија, со кое велешани бараат обештетување за три децениското згадување од топилницата а државата не презела никакви мерки, тоа да се спречи. За тужителите нема потреба да се даваат пари, за нови испитувања од страна на Технолошко – металуршкиот факултет (ТМФ), со кое ќе се утврдува дали и колку е загадена велешката почва со тешки метали, олово и кадмиум.
Зелената коалиција нема да плаќа натамошни обврски за вештачење, за нешто што е ноторен факт. Општо познато е дека Велес е загаден град со катастрофални последици од работата на топилницата, тоа го нотираше и Светската здравствена организација (СЗО), тоа го има и во сите документи на Министерството за животна средина. Параметрите за загаденоста на почвата се научно докажани, со повеќе научни трудови и зошто сега да се плаќаат три милион денари за нешто, што е неспорно. Тоа е безобразно фрлање на пари – вели Ненад Коциќ член на Зелената коалиција, граѓанско здружение во кое влегуваат десетина невладини здруженија од Велес со еколошки предзнак.
Дел од оваа коалиција е и општина Велес, од која невладините здруженија не побарале да го плати вештачењето, бидејќи сметаат оти имаат доволно релевантни докази и немало потреба да се даваат дополнително пари нови вештачења.
Во тужбата имаме како доказ за загаденоста на почвата, тоа е научна студија од д-р Трајче Стафилов од Природно – математички факултет, од 2007-та година. Авторот за ова дело „Геохемиски атлас на Велес и неговата околина“ е добитник на државната награда ,,Гоце Делчев,, за наука во 2009-тата. Во Доколку јавното правобранителство не го признава овој научен труд, кој е платен со државни пари, нека порача супер вештачење од друга институција – вели Игор Смилевски член на коалицијата.
Тие потсетија дека претходно со пари од ЕУ, преку програмата ,,Ептиса,, уште во 2005-тата се докажа големо присуство на тешки метали во велешката почва. Но не само овие два труда, туку и последната анализа изработена од ПМФ во есента 2010-та се со идентични резултати. Велешката почва е енормно загадена со тешки метали, олово и кадмиум, кој се присутни во длабочина до 50 цм и со концентрации до десет пати повеќе од максимално дозволените а ги има повеќе и од критичните вредности на СЗО.
На следниот рочиште, закажано за 28- ми април во Основниот суд во Велес, тужителите треба да се изјаснат дали прифаќаат да платат 50 илјади евра, пари со кои треба да се плати вештачење на ТМФ за загадувањето на почвата во велешко.
Истовремено со два проекти од велешките зелени, во градот се врши деконтаминација на почвата. Со првата, на јавните површини парковите, детските игралиште, во дворовите од училиштата и детските градинки засадени се седум илјади рози, со кои треба да се исчисти почвата од тешките метали. Со вториот проект, кој е во тек на земјоделците од велешко им се нуди да засадат маслодајна репка, која потоа ќе се откупи и преработи во био –гориво. Научно било докажано дека и розите и маслодајната репка, во голема мерка ги апсорбираат оловото и кадмиумот, кој ги има во велешката земја. Државата пак распиша тендер за дислокација на ридот со згура тежок 1,7 милиони тони, од чија прашина градот се загадува со тешки метали.
Tweet |