Петар Печков
Објавено: среда, 20 јули 2011
Само 406 ученици прво оделенци се пријавени за упис во основните училишта во општина Велес, наспроти очекуваната бројка од 513 деца, колку што ги има заведено во матичната служба.Споредбено лани се запишале 559 првачиња.
Со овие бројки во сите шест основни општински училишта Благој Кирков, Јордан Хаџи Константинов Џинот, Св. Кирил и Методиј, Блаже Конески, Васил Главинов и Стојан Бурчевски Буридан во Иванковци се јавува недостиг на ученици, поради што локалната власт побарала согласност од Министерството за образование во нив да се работат паралелки со помал број на ученици од дозволениот минимум 24.
Идентичен е состојбата и со петоодделенците, кои учат по новата програма деветолетка, за кои е побарано согласност за учење со помал број на ученици од законскиот минимум.
Индикативен е податокот што во Бузалково каде учат деца албанчиња се запишани само 30 наспроти претходните години кога имало по 60 и повеќе. Во Горно Оризари ќе учат само 12 првачиња, во селото Иванковци скромни шест. Лоша е состојбата и во повисоките одделенија, шесто седмо, осмо каде има паралелки со по 20 ученика.
Надлежните велат дека овиа бројки ќе се попрват наесен, кога ќе завршат бербите, бидејќи праксата покажала дека при крајот на учебната година и почетокот, мал дел од учениците, претежно од ромска националност, заминуваат со родителите на берење вишни во мај и јуни или на берење грозје во септември и октомври. Други пак се случувало едноставно без образложенеи да заминат со родителите во странство среде година и да се појават по неколу месеци подоцна.
Tweet |