Петар Печков
Објавено: понеделник, 16 март 2009
Приказната за оваа песна се случува во половината на 19-тиот век на Којник, каде бил центарот на живеењето на христијаните, кои бегајќи од зулмите на турците во градот, го зафатиле тој дел на Велес. Тука е и Бузаана во која се населувале жителите од велешките села кои барале спас од османлиите.
На Којник, под јаворот била и единствената чешма од која жителите ем се снабдувале со вода но и ги дознавале настаните од градот. Тука момите полнеле вода а ергените се загледувале во нив. Во тоа време најпосакувана мома била Марето Цинциево. За неа знаеле и турците, кои почнале да доаѓаат како случајно да видат дали е се во ред, во тој дел на Велес.
Марето пак била висока, црноока со кадрави плетенки, со бела кожа како памук и мазна како стакло, со тело како риба. Многумина сакале да биде избраник на нејзиното срце, но тоа било мошне тешко, бидејќи нејзиниот татко сакал богато и убаво момче. За да и го привлечат вниманието, дветмина ергени на Марето Цинциево и купиле еден аршин штоф за фустан, бидејќи верувале дека еден од нив ќе биде среќникот. Но таа нејзината љубов му ја подарила на сиромавиот Лазо Лисата, кој бил личен и прекрасно пеел. Се венчале во Св.Пантелејмон а набргу им се родила и ќерка Драга.
Но Лазо потоа легнал на постела и за некое време починал. Марето Цинциево останале млада вдовица, иако од богато семејство, останала сиромашка, и се прехранувала со ќерка и плетејќи волнени чорапи. По некое време се омажила за Алексо качарот, еден од неколкуте велешки грнчари, тој бил исто вдовец со две ќерки Љуба и Гена. Радоста набргу тропнала на нивната порта и се родил синот Илија. Марето и натаму продавала чорапи на велешкиот пазар а веќе песната за неа заживела меѓу велешани.
Годините на Марето се множеле а песната се обнародувала. Марето Цинциево починала пролетта 1935 година во длабока старост. Приказната за Марето Цинциево на велешкиот новинар Никифор Смилев ја раскажала внуката Вера од синот Илија. Таа кога ја слушала песната гласно коментирала
- Не ја прелажа Ѓоше, туку Лазо Лисата.

Tweet |