Петар Печков
Објавено: среда, 26 април 2017
Со имунизацијата, во последните 70 години голем број тешки заразни заболување се елиминирани, повеќе не постојат. Со тоа нема смртни случаи, тешки компликации со доживотни последици. Бенефитот од употребата на вакцините е немерлив.
За овие битни моменти од човековото живеење, потсетува примариус д-р Билјана Трајкова епидемиолог од Центарот за Јавно здравје -Велес. Светот отиде напред, се користи терапевтска вакцина. Што е таа новина?
Се надеваме дека и кај нас натаму, нема да се задржиме на основната имунизација, таа која ги опфаќа децата и училишната младина, која е задолжителна и ќе обрнеме внимание на вакцините кои се даваат целиот живот. Таква е вакцинацијата од грип, против тифус на лица вработени во комунални претпријатија. Најмногу во светот се надевам набргу и кај нас, воведување на вакцинација на терапевтска имунизација. Во свето иднината на вакцините е во лечењето на тешките заболувања , како што се Алцхајмеровата болест, рак на простата, рака на дојка, рак на белите дробови, ХИВ и други тешки заболувања.
Има случаи кога одредени родители, не дозволуваат вакцинирање на нивните деца. Како постапувате тогаш?
Имаме одредени проблеми, но во Велес тоа е многу малку. Опфатот на децата со вакцини во велешко е на високо ниво. Но може да биде и повисок. Морам да апелирам до родителите, кои се потпираат на одредени негативни кампањи, кои се јавуваат во одредени медиуми. Тие кампањи се за туѓи интереси и се потполно спротивни на реалноста. Родителите да не ги казнуваат своите деца, да не ги доведуваат во иднина да бидат изолирани , да не можат никаде да патуваат. Редовно вакцинирајте ги децата, заштитете ги.
За секој престој во земјите на ЕУ и Запад потребни се вакцинации и ревакцинации. Што тоа значи во пракса?
Во земјите на ЕУ И САД освен редовната имунизација, бараат и лицата да примат дополнителни дози од тие вакцини. Така некои лица кои нема да биде редовно вакциниран, или дополнително вакциниран, немаат можност да отпатуваат. Дали на студиски престој, дали на работа, на едукција, но нема да може да влезат во овие држави. Тие вакцинации се задолжителни. Да не дозволиме децата да бидат изолирани, да ги осудиме во повисоки години да прележуваат тешки заразни болести. Имавме овој период случај во Велес на 50 години човек да лежи од заушки а на 47 да има мали сипаници. На овие години, овие заболувања можат да дадат тешки клинички слики и остават сериозни последици.
Во соседството ни се појавија мали сипаници, со смртни случаи во Романија, Бугарија. Како да се заштитат децата од евентуално проширување?
Многу е тешко неревакцинираните да се заштитат. Тие се секогаш потенцијална опасност и тука и надвор до државата. Починатите во соседството, се поради тоа што не биле вакцинирани. Многу ретко се случува да заболи дете, кое е вакцинирано. Мораме да се трудиме, да работиме да имаме што поголем процент на вакцинирани деца, така ги штитиме сите подеднакво.
Tweet |