lj lkjl
Објавено: четврток, 04 мај 2006
Oд синоќа на полноќ новите цени на бензините пораснаа за 2,5 денари, а на нафтата за 1,5. Се предвидува дека овие поскапувања ќе предизвикаат нови покачувања на други производи. Oд синоќа на полноќ суперот MB 96 се продава по цена од 72 денари за литар, безоловниот од 90 октани сега ќе се продава по 68,5 денари за литар, а безоловниот од 95 октани сега чини 69 денари за литар. Дизелот поскапе на 57,5 денари, а поскапе и екстралесното гориво на 47,5 денари. За 0,6 денари поскапеа и мазутите M1 и M2. Oва е за прв пат висока цена и рекордна на нафтата и нафтените деривати во Mакедонија. Oва е шок најпрво за големите индустриски корисници на нафтените деривати, а потоа и за крајните корисници. Според мислењата на експертите високите цени на нафтата сериозно ќе влијаат на македонската економија. Според нив најмногу ќе страдаат индустријата, транспортот и земјоделството. Oва покачување ќе влијае и на поскапувањето на други производи, а пред се на стандардот на граѓаните.
Tweet |