Петар Печков
Објавено: четврток, 13 септември 2012
Мите Јованов, сопственикот на Макоил пред неколку седмици јавно каже дека пет негови бензински пумпи се затворени. Меѓу нив и велешката. Но во стварноста е дека освен два ,,пиштола,, како што стручно се нарекуваат, кои се пломбирани, пумпата на Макоил кај мотел Македонија работи 24/7. И оваа слика од пред некој ден го покажува тоа. Ниту пак има некого и напуштено од работа, иако Јованов тврдеше дека поради затворањето десетина вработени се дома.
Tweet |