Петар Печков
Објавено: понеделник, 06 мај 2024
И овој Велигден, Гостилница Боем од Велес со бесплатен ручек за семејствата кои живеат во социјален ризик.
На пладне во текот на два часа биле поделени 455 топли оброци. Акцијата е реализирана со помош на волонтерите на Општинската организација на Црвен крст - Велес.
Гостилница Боем ја изведе под мотото "Oд оние кои имаат повеќе, кон оние кои имаат помалку".
Освен Гостилница Боем, оброци обезедила и Евангелска црква од Велес.
фото ФБ/ ОО на Црвен крст Велес
Tweet |