Петар Печков
Објавено: понеделник, 11 јули 2022
Министерството за труд и социјална политика го објави конкурсот за бесплатен одмор и рекреација на деца од семејства во социјален ризик родени 2008 до 2011-та и да се редовни ученици, како и деца корисници на посебен додаток до 26 годишна возраст.
„Услугата за одмор и рекреација може да ја користат деца од семејства корисници на социјална парична помош, постојана парична помош, деца корисници на посебен додаток, детски додаток и децата без родители и родителска грижа редовни ученици во петто, шесто, седмо и осмо одделение“ - соопштија од Министерството за труд и социјална политика.
Со услугата за одмор и рекреација, за време на летниот распуст на корисниците им се обезбедува престој од 7 дена -шест полни пансиони со три оброка дневно
Услугата опфаќа и обезбеден превозот на децата од одреденото место од страна на надлежниот Центар за социјална работа до одмаралиштето/хотелот.
Децата корисници на посебен додаток имаат право на придружник за време на одмор и рекреација.
За користење на бесплатен одмор и рекреација потребно е да се поднесе барање до надлежниот Центар за социјални работи, најдоцна до 15 јули (петок). За повеќе информации кандидатите од Велес може да се обратат на телефонскиот број 043/231-426 и 043/231-355.
Tweet |