Петар Печков
Објавено: вторник, 22 декември 2015
Велешки театар ги чести гледачите и од петок 25-ти до 28-ми понеделник ќе можат да гледаат повеќе театарски претстави, бесплатно.
Во овој период од четири дена ќе бидат прикажани пет претстави, кои се дел од тековниот репертоар, збогатени со една која се враќа на сцената по година и пол пауза.
Овие претстави ќе биде слободен влез за сите гледачи и се подарок за завршување на годинашната манифестација ,,Велес град на културата,,.
Еве го и репертоарот на претстави со термини кога ќе бидат прикажани:
Сабота, 26.12, „СПАНАЌ СОИ ПРЖЕНИ КОМПИРИ“, 20ч
Недела, 27.12, „НОЌИТЕ ВО БЕЛ САТЕН“, 20ч
Понеделник, 28.12, „КЛАСЕН НЕПРИЈАТЕЛ“, 20ч
Вторник, 29.12, „ПРИКАЗНИ ОД ШЕСТИОТ КАТ“, 20ч
Среда, 30.12, „ВОЛШЕБНАТА ШУМА“, 18ч
Билетите со кои може да се присуствува на претставите, можат да се подигнат од билетара секој работен ден од 10 до 14 и од 18 до 20 ч.
Tweet |