Петар Печков
Објавено: четврток, 09 март 2023
После долги години, отвоpена е повторно подрачната канцеларија на Министерството за правда во Велес, каде се ангажирани две правнички. Тие даваат бесплатна правна услуга. Таа се однесува за лица со ниски примања.
Жителите на Општина Велес, Градско, Чашка и Лозово, кои имаат потреба од ваква првна помош може да се обратат секој работен ден од о 8 до 16 часот.
Правната помош овозможува советување како и правно информирање на граѓаните за одредени правни прашања.
Подрачната единица на министерството за правда се наоѓа во зградата на Општина, влезот за Катастар.
Tweet |