речник контакт

Бесплатни лекарски прегледи во домовите на велешани

Прегледите опфаќаат кардиолошки прегледи, мерење на шеќер во крвта и психолошка поддршка

Петар Печков

Општинската организација на Црвен крст Велес  започнува со бесплатни  лекарски прегледи. Активноста се реализа партнерски со Општина Велес кои ја обезбедуваат поголем дел од логистичката поддршка, како и ЈЗУ „Здравствен дом“ од Велес.

Целта е да се избегне посета на амбулантите каде има поголем број луѓе, а со тоа и големи шанси за ширење на Корона вирусот. Прегледите опфаќаат  кардиолошки прегледи, мерење на шеќер во крвта и психолошка поддршка- информираа од Општинскиот Црвен крст. 

Прегледите се  изведуваат во домовите на граѓаните, откако претходно тие  ќе се пријават на телефонските броеви: 078 254 729; 075 272 485; 075 247 637.

Кардиоваскуларните прегледи и мерење на шекер во крвта ќе ги извршува лекар, специјалист кадрилот  волонтер во Црвен крст. Тој ќе извршува ЕКГ и мерење на шеќер во крвта, на оние граѓани кои имаат потреба од редовна контрола -седмична или месечна,  за да го избегнат присуството кај матичниот лекар. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »