Петар Печков
Објавено: петок, 21 март 2014
Дежурна медицинска екипи на ЈЗУ Здравствен дом од Велес, денес имаше акција за мерење на здравствената состојба на дел од сограѓаните.
Во Младинскиот парк од 8 до 13 часот доктор, заедно со сестрите им мереа на велешани шеќер, крвен притисок, маснотии, телесна тежина, висина. Повеќе од стотина лица ја искористија можноста за да си ја проверат здравствена состојба.
Ваква акција ќе има и утре сабота на плоштад Сармаале и в недела во паркот кај Ликовниот салон во терминот од 8 до 13 часот. Овие акции се бесплатни и граѓаните без никаков документ можат да ја проверат нивната здравствена состојба.
Tweet |