речник контакт

Бесплатно поделени два илјади табли јајца за час,еден момент и полицијата мораше да реагира за да се одржи редот (фото и видео)

Целта ни е граѓаните да можат да ги почувствуваат радостите на Велигден. Дел од донацијата претходно ја поделивме на семејства социјални случаи“– соопштија организаторите, од компанијата Шилер. Имаше и забава за децата, кловн

Петар Печков

За само еден час во Велес беа поделени околу две илјади табли јајца, кои бесплатно ги делеа волонтери.  Тоа беше донација од велешани кои живеат и работат во САД, од компанијата Шилер чија дејност е камионски превоз на стока. Во еден момент поради големата гужва и безредие кое се создадoa, ред мораше да воведува и полицијата, да ги спречи граѓаните да не дојде до стампедо и повредени. 

„Целта ни е   граѓаните да можат да ги почувствуваат радостите на Велигден.  Дел од донацијата претходно ја поделивме на семејства социјални случаи“– соопштија организаторите, од компанијата Шилер.

Некои  од присутните земаа и по две, по  три табли, со објаснување, за сестра ми е болна, комшиите не можат да дојдат.  Добија табла јајца која пазарно вреди 300 денари а пред покачувањето, пред десетина дена 200 денари.  Добиваа и по една кесичка црвена боја. За најмладите имаше забава со кловн и цртање на велигденски цртежи. 

Ова е трета година како компанијата Шилер, во Велес  бесплатно дели табли со јајца.

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »