речник контакт

Бетонските платформи од отстранетите наплатни куќарки кај Градско, опасност по возачите

За дваесетина дена, две сообраќајки со голема материјална штета

Петар Печков

Петочната сообраќајка на  напуштената наплатна рампа кај Градско е втора за дваесетина дена, информираа од СВР Велес. Ова доаѓа по реакциите во јавноста дека  по отстранувањето на наплатните куќарки, кои служеа за плаќање на патарината, сообраќајките се чести на автопатската делница Велес- Неготино и обратно.  

Во текот на месец мај на наплатната станица „Градско“ се регистрирани две сообраќајни незгоди- велат од СВР Велес.   

Во петочната страотна сообраќајка  која се случи околу 22,15 ч. на делницата од автопатот  Неготино-Велес, на стара наплатна станица „Градско“ која веќе не е во функција, влекач „Сканија“ со велешки регистарски ознаки  и полуприколка „Гоша“, управуван од Б.Ј.(59) од Богданци, удрил во бетонски ѕид од наплатната станица и се превртел на коловозот.

Во незгодата со повреди се здобил возачот и  бил пренесен во болницата во Велес каде му била укажана лекарска помош.  Од ЈЗУ Општа Болница велат дека кај пациентот по извршените истражувања, не биле констатирани повреди и бил пуштен на домашно лекување.

И во двата случаи нема повредени учесници во сообраќајот, но има сериозна материјална шетата кај возилата. Возачите реагираат дека нема никавка сингализација и во темнина постои опасност да дојде до незгоди, како што веќе во два наврати се има и случено.

Нема сообраќајна сигнализција, нема никакво известување дека овие бетонски блокови постојат. Не е безбедно, треба да се отстранат а дотогаш да се означи. Посебно е опасно во вечерните и ноќни часови - велат возачите.

Од ЈП за државни патишта информираа дека  изведувачот на работите им најавил дека до крајот на оваа седмица бетонските платформи од старата наплатна рампа кај Градско,  ќе бидат отстранети. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »