Петар Печков
Објавено: среда, 18 февруари 2015
Неколку дена во централното градско подрачје се работи на отстранување на подлогата од тротоарите. Ова се однесува на улицата 8-ми септември од УЈП до Кружниот тек. На овие двесте метри прво се отстрануваат старите и искршени плочи,стари деценија и повеќе. За некој ден ќе започне поставувањето на бехатон.
Плочките се сериозно оштетени од зимата, ниските температури, возила кои тука паркираат. Оваа реконструкција им ја ветив на граѓаните и пролетва ќе биде реализирана. Значајно е што освен што ќе се обноват тротоарите со оваа подлога, ќе се симнат ивичниците кај пешачките за таму да можат да минат лица со посебни потреби, родителите со децата во колички - изјави градоначалникот Славчо Чадиев.
Оваа е инвестиција вредна 1.2 милиони денари а во овој прв дел ќе бидат земените околу илјада метри квадратни површина.
Со новата бехатон подлога, ќе го решиме и проблемот со паркирањето. Сите ивичници ќе бидат повисоки и подигнати, за да не можат возилата да се качуваа по тротоар. ќе поставиме и ограда за да не може тие да се користат од сопствениците на возилата. Тротоарите сепак се за пешаците - најави Чадиев.
По завршувањето на левата страна од улицата 8-ми септември, ќе се прејде на десната страна, до кружниот тек а потоа и до Стара аптека. Тоа ќе се работи етапно, дел откако ќе заврши уредувањето на хотелот Интернационал, за да не се оштетува ново поставениот бехатон. До крајот на годината ќе се уреди и тротоарот од НА-МА до комплексот Чешел.
Tweet |