речник контакт

Библиотеката кубури со вработени, летово со скратено работно време

Од понеделник до петок ќе работи од 8,30 до 16,30 а во сабота до 14ч.

Петар Печков

Од почетокот на месецов Градската библиотека во Велес има ново работно време. Од понеделник до петок ќе работи од 8,30 до 16,30 а во сабота  од 8,30 до 14ч. Така ќе биде се до крајот на август, или овие два месеци. Причината за ова е недостаток на вработени, таа брои само осум  лица.  

За жал нема повратни добри вести на нашите барања за вработување во библиотеката и музејот. Поради ова летово библиотеката ќе работи со скратено работно време, ние како локална власт моравме да дадеме дозвола за тоа бидејќи нема луѓе кои таму ќе издаваат книги во двете одделенија, поради користењето на годишните одмори  - рече градоначалникот Коцевски. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »