речник контакт

Бил еден од најозлогласните мафијаши, а ФБИ му исплатила милиони

Злогласниот мафијаш Грегори Скарп Сениор, кој послужил како инспирација за славната филмска трилогија „Кум“, имал и повеќе од пријателски однос со ФБИ и благодарение на тоа поминал неказнето за 26 убиства и заработил милиони

Петар Печков

Злогласниот мафијаш Грегори Скарп Сениор, кој послужил како инспирација за славната филмска трилогија „Кум“, имал и повеќе од пријателски однос со ФБИ и благодарение на тоа поминал неказнето за 26 убиства и заработил милиони, открива новата книга на новинарот Петер Ланс - „Договор со ѓаволот“.

Книгата на Ланс која го опишува договорот на Скарп со агентот на ФБИ, Линдли Де Векио, познат под прекарот „Господин Организиран Криминал“, открива дека најкрвавиот период на Скарп во кој извршил или нарачал 26 убиства, бил од 1980 до 1992 година, кога бил на платниот список на ФБИ, заработувајќи милиони долари како доушник.

Се фалел дека убил 50 луѓе, а потоа престанал да брои

Скарп бил живописен лик. Се фалел дека извршил 50 убиства, а потоа престанал да ги брои, се потпишувал како КМ (Killing Machine или машина за убивање), а за мртвите луѓе обично зборувал дека спијат со рибите.

Токму тоа е еден од најпознатите изрази кои се врзуваат за американската мафија, а изреката го нашла своето место и во трилогијата „Кум“ на Марио Пузо, според која се снимени истоимените филмови.

- Нема сомнеж дека Де Векио завршил под контролата на Скарп. Најневеројатно е како Скарп брилијантно манипулирал со сите. Да бил чесен, би бил директор на голема компанија, изјави Ланс за „Дејли Меил“.

Односот на Скарп и Де Векио го загрижило и самото ФБИ

Од односот на нивните агенти со злогласниот криминалец се загрижил и ФБИ, но 32 месечната истрага во доцните 20-ти години завршила без обвинение за Де Векио.

Меѓутоа, во 2007 година му се судело за убиство, а во врска со мафијашот сведочела вдовицата на Скарп, Линда Широ, со кој Скарп имал две деца. Широ открила дека Де Векио на Скарп му рекол оти Мери Бари, љубовницата на еден од членовите на мафијата, се заканува со кодошење, па му препорачал да ја убие. Бари наскоро била застрелана во глава.

Меѓутоа, процесот пропаднал по неколку дена поради техничка грешка, а Ланс тврди дека осудата би задала силен удар во самото срце на борбата на ФБИ против организираниот криминал.

Де Векио пак тврди дека никогаш не „танцувал со ѓаволот“, туку со „лице кое било блиско со ѓаволот“.

- За тоа ме плаќаа. Се зближував со криминалците за да можеме да ги елиминираме, изјави Де Векио пред две години за Си-Би-Ес.

текстот е преземен од  Данас – Загреб

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »