Петар Печков
Објавено: сабота, 09 март 2013
Билбордот кој е поставен на влезот од паркингот кај Ликовниот салон е опасен по околината. Временските прилики влијаеја на него, па тој сега се распаѓа. Лимовите стрчат, се клатат од него и можат при посилен удар на ветер да паднат и повредат, дали минувач или автомобил. Очигледно поставувачот Скрин – медија не води доволно грижа за билбордите кои му се во Велес.
Tweet |