речник контакт

Билјана Тодевска е вешта жена за Велес за 2026 година

Манифестацијата придонесува кон афирмација на жените во областа на кулинарството и слаткарството

Петар Печков

Традиционално, годинава по 33 пат се одржана манифестацијата „Вешта жена за град Велес“ за  2026 година. Учествуваа три натпреварувачки Билјана Тодевска, Јулијана Павлова и  Викторија Јовев.   Тие ја покажаа креативноста и умешноста.  Победи Билјана Тодевска  која ќе го претставува град Велес на републичката манифестацијата во мај месец во Тетово.

Манифестацијата придонесува кон афирмација на жените во областа на кулинарството и слаткарството, нивно економско зајакнување и охрабрување за започнување на сопствен бизнис.

На годинашниот настан натпреварувачките подготвија предјадење,  главно јадење,  десерт, но се оценуваше и поставеноста и декорацијата на масата,  икебана,  а жирито заедно со присутните гости   ја избраа за најуспешна Тодевска. 
 
Имаш и две маси за Гран При, подготвени од Весна Андова и Силвана Мудроња. 

Еден од спонзорите на манифестацијата е велешки „Кристал 1923“.  Организација  е на Вешта жена и  Организацијата на жени Велес.

фото ФБ Вешта жена

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »