речник контакт

Био разградлив отпад од винската индустрија неповратно се фрла на депонии

Во Вардарски регион има 54 винарии кои лани создале 43 илјади тони отпад

Петар Печков

Четириесет и три илјади тони отпад  од винската индустрија, годишно неповратно се фрла на депонии без да се искористи. Ова се бројки кои се однесуваат на Вардарскиот регион, каде се вклучени девет општини во кои работат 54 винарии, од вкупно 80 колку што постојат во Македонија.

Ова беше презентирано на  истражувањето за искористеноста на органскиот отпад од винската индустрија во Вардарскиот плански регион. Тоа  е спроведено за потребите на ЈКП  „Дервен“, Велес, во рамките на Проектот ,,БИОРЕАЛ,, како дел од ИПА програмата за прекугранична соработка со  Република Грција. 

Количината на отпад од вино од Вардарскиот регион е значајна и голема и затоа тргнавме  како тој биоразградлив отпад   да го управуваме,  да ги искористиме неговите можности како компост или енергенс,за замена  на конвенционалните биоѓубрива. Се со цел, да ги намалиме трошоците за одлагање и  собирање на депонија - кажа Александар Бузалков координатор на проектот. 

Лани во Вардарскиот регион во девет општини, на површина од  11,2 илјади хектари  бил добиен род од 107,5 илјади тони грозје. Од него било добиено 156.608 тони вино. Отпадот добиен од кастрење на грозјето изнесува  22.384  тони додека  отпад од преработено грозје во вино 20.776 тони. Или вкупно е добиен  отпад од 43 илјади тони. Биоразградливиот  отпад создава и еко -проблеми. 

Се создава метан на депонии и отворени простори , со 23 пати поголемо влијание од СО2 врз климатските промени, се загадуваат површински и подземни води со фосфорни и азотни соединенија од отпад од домашни животни,  има бактериолошко загадување на водите - кажа Славјанка Пејчинова Андонова консултант  во изработката на истражувањето, спроведено од ,,Епицентар,, од Скопје.  

Таа и нејзините колеги кои работеа на истражувањето  ги презентираа и можностите за искористување на био-разградливиот отпад  како енергетски извор за производство на електрична енергија.

Од вкупно годишното количество на отпад во Вардарски регион од  37,8 илјади тони половината е биоразградлив, што е голем потенцијал за користење - порача Здравко Андоновски  еден од изработувачите на студијата.  

Вкупната вредност на проектот е 1,3 милиони евра а ЈКП Дерен учествуваше со 125 илјади евра. Претходно во рамките на проектот,,БИОРЕАЛ,, комуналците набавија камион за собирање смет, со капацитет од 5,5 м3, марка Ивеко  вреден 3,2 милиони денари.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »