речник контакт

Бистите на борците од НОБ поставени во Младински, украдени

Полицијата никој не ја информирал, борците не знаат а чинот го осудуваат

Петар Печков

 За десетина дена украдени се трите бисти на  Благој Ѓорев,  Благој Кирков и Трајко Капчев. Во велешката полиција никој не ги пријавил кражбите. Бистите се наоѓаат на фрекфентно место  и зачудува што никој  не приметил дека тие се украдени.

Последната  на Благој Ѓорев е украдена вчеравечер, таа на   Трајко Капчев во претходните пет дена, додека на Благој Кирков за изминатите десетина дена. Приметливо е дека тие се насилно откорнати од постолјето, кое  е оштетено и скршено. Велешките борци кои не знаеја за ова беа информирани од ТРМР.

Чинот го осудија, како вандалски и побраа од полицијата да ги фати крадците. Кражбата на бистите во градот често се случува. Додека овие бисти беа  поставени пред 20-тина години во Градскиот парк,   тие  беа украдени заедно со уште две.  Трите беа пронајдени во реката  Вардар и поставени во Младинскиот парк, со цел да бидат сочувани и да не се оштетуваат. Во повеќе наврати се крадеа и буквите од споменикот на Гемиџиите, оти беа изработени од месинг.

Се украдоа десетте но се најдоа повеќето   бакарни  плочи на кои беа испишани имињата на неколкуте стотина загината велешани во Втората светска војна. Од Паркот на поетите револуционери  украдени се бистите на Јован Стерија Поповиќ, Мите Богоевски и Коле Неделквоски. Сите овие завршија во откупните центри за метал, полицијата повеќето сторители ги откри, но некои не.

 На постојлјата од овие споменици пред неколку години османаа и фашистички навредливи пароли, со кои се величаше делото на Адолф Хитлер

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »