речник контакт

Бистите на борците од НОБ се селат пред Спомен Костурница

Советот ја изгласа одуката тие да бидат поставени таму по предлог на Сојузот на Борците, не мина предлогот на опозицијата да се постават во дворот на Офицерски

Петар Печков

Симната е дилемата каде ќе бидат поставени спомен бистите на паднатите борци од НОБ,  кои безмалку една година се во депото на Спомен Костурницата. Предлогот на Сојузот на Борците беше да се постават во долниот дел од скалилата кои водат до овој историски паметник, посветен на паднатите воени и цивилни жртви од Втората светска војна. Ова со цел да не се наруши архитектонскиот изглед на објектот, кој е заштитено авторско право.  Иддејата на борците ја поддржаа советниците од владеачкото мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ   во велешкиот Совет. 

На досегашните локации од страна на непознати сторители имаше нарушување на спомен обележјата и нивно целосно уништување. Со новиот проект се предлага нивна целосна заштита и уредување со  поставување на една единствена локација пред Спомен   Костурница. Локацијата ќе биде утврдена со посебен проект кои е во изработка а со донесувањето на  Одлуката ќе се заштитат спомен обележјата- бистите на борци и народни херои кои  год дале својот живот за градот -  изјави Александар Колев преседавач на Советот на општина Велес.  

Не мина предлогот на опозицијата спомен бистите на паднатите борци и народни херои, вкупно девет,  да се постават во дворот од Офицерскиот дом, кој треба да биде идна  Градска куќа.   Додека пак бистата на Рајко Жинзифов да се постави во паркот наспроти Градскиот Саат и Мало Мовче. Овие два амандани, немаше кој да ги образложи, по напуштањето на седницата од страна на опозицијата, па тие и не беа ставени на гласање. Претходно координаторот на советничката група на СДСМ Благој Коларов изјави дека  местото на бистите на овие борци не им е таму, оти ниту тој простор не е сигурен, оти  не е осветлен поради немање струја.

Неоправдано и неетички е доколку поголемиот дел од спомен обележјата од НОВ се постават на една локација, знаејќи дека нивната цел е да бидт секојднево со мнозинството граѓани во непосредна близина на урбаната средина и фрекфентни места на движење. Посебно поблиску до помладите, за да не ја заборават историјата. И нејасно е како се поврзани овие борци со преродбеникот Рајко Жинзифов, чии бисти се поставуваат заеднички – изјави Коларов.

Тој најави дека битката за поставувањето на спомен бистите во централното градско подрачје ќе ја продолжат во Советот на општината и за нив не е завршена оваа преселба.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »