речник контакт

Битката за Топилница се води на правното поле

Двете страни со жалби на процедурата, koja продолжува

Петар Печков

Иако навидум мирно и без реакции, постапката за рестарт на Топилница се води правна битка. И двете страни, инвеститорот Метрудхем од една страна и локалната власт и граѓанските здруженија од друга, со свои аргументи го продолжуваат или обжалуваат  нивниот дел од постапката. Метрудхем за рестарт а Општина Велес за промена на ГУП каде е лоцирана Топилницата. 

По оценката  на влијание на проектот Топилница, ЕД Вила Зора имаше поднесено жалба, заради тоа што била започната процедура за промена на ГУП-от каде се наоѓа објектот. Државната комисија за одлучување во управна постапка  оваа жалба ја отфрли, така што постапката на  Метрудхем за оцена на влијание на проектот Топилница продолжува натаму. Останува можноста на ЕД Вола Зора оваа одлука да ја обжали на Управен суд и да побара времена мерка стопирање на натамошната постапка.

Истовремено Општина Велес ја започна постапката за спроведување на Стратегиска оцена за ГУП Топилница. На неа се жалеше Метрудхем, на тоа што како  засегнати органи освен неколкуте Министерства се ставени и центарот за развој на Вардарскиот Плански развој и Одборот за спас на Велес. Министерството за животна средина одлучило дека овие вторите не се органи на власта  и ја прифати жалбата на Метрудхем, поради што постапката беше вратена од почеток.

Денес, петок, локалните власти на својата веб страница објавија дека  донесоа    Одлука за спроведување на стратегиска оцена. Така сега и двете постапки се во тек. Извори од Министерството за животна средина изјавија дека за Велес единствена надеж да не проработи Топилницата е промената на ГУП со кој просторот каде се наоѓа таа сега би добил друга намена.  Општина Велес работи токму на тој дел, со кој се планира на местото од Топилница да биде зелен појас, засаден со дрвја и трева, и ништо друго, не лесна индустрија,  што го барало  Министерството за здравство.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »