Петар Печков
Објавено: петок, 24 февруари 2012
Битолскиот Универзитет ,,Св. Климент Охридски,, го доби на користење некогашниот Хотел Вила Зора од Велес кој беше претходно и Пензионерски дом. Договорот за примопредавање го потпишаа градоначалникот на Велес Горан Петров и ректорот на битолскиот Универзитет проф. Д-р Златко Жоглев. Со овој договор градот му го отстапи на управување овој објект кој има повеќе од пет илјади метри квадратни а истиот две години беше празен и пуст.
Очекувам дека оваа заграда ќе им помогне на студените да имаат подобри услови за студирање а со тоа да постигнат и подобри резултати. Тој веќе нема да биде празен и во него се враќа живот – рече Горан Петров градоначалник на Велес.
Со одлука на Советот на општина Велес, локалната власт му ги префрли на користење неговите 60 отсто од сопственоста на Универзитетот ,,Св. Климент Охридски,, . Претходно и Министерството за образование остатокот од 40 отсто од сопственоста на објектот и ги даде управување на оваа висока образовна институција.
Во неа од септември настава ќе посетуваат 335-те студенти на Техничко -технолошкиот факултет, со седиште во Велес. Студентите од техничкиот факултет и Факултетот за туризам остануваат во постојната зграда на некогашното ОУ Џинот.
Објектот ќе го пренаменуваме етапно. За почеток ќе уредиме амфитеатар, предавални и лаборатории. Работите ќе започнат наскоро, за да може од есен студените непречено да студираат. Во сегашната заграда каде тие посетуваа настава, ќе останат двата факултети од нашиот Универзитет, кои имаат дисперзирана настава во Велес. Со тоа ќе го решиме просторниот проблем – изјави ректорот проф. д-р Жоглев.
Овој објект се наоѓа на левиот брег на Вардар, во близина на Автобуската станица, кон крајот на седумдесеттите години од минатиот век беше изграден со средства на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и на Сојузот на борците. За возврат Борците добија неколку простории, каде тие можат да ги одржуваат нивните активности.
Tweet |