Петар Печков
Објавено: петок, 08 април 2016
Универзитетот Св. Климент Охридски и ги врати просториите на Општинa Велес, која таа пред пет години му ги додели за користење. Идејата тогаш беше некогашниот Хотел Вила Зора да се пренамени и создаде Студентски дом. Советот на Општина Велес во декември 2011-тата година донесе одлука, поголем дел од просториите на поранешниот Хотел Вила Зора кои се во сопственост на градот, да се отстапат на времено користење на Универзитетот Св. Климент Охридски од Битола.
Најавите тогаш беа деќа објектот ќе се уредува во Студентски дом, со читаланици, ресторан и место за престој и спиење на студентите, кои со место за живеење се надвор од Велес а посетуваат настава на некои од факултетите на Битолскиот Универзитет во Велес. Деновиве до локалната власт стигнало писмено барање договорот да се раскине.
Со промената на раководството наа Универезитето оваа нивна најава повеќе не е во опција. Тие од нас писмено побараа да ни ги вратат просториите кои им беа доделени на 25 годишно користење. Според нив, користењето на овие простории, кое е е само на хартија за Универзитетот било голем трошок а бидејќи не се во функција решија да ги вратат на Општина Велес. Имено тие мораа секој месец да плаќаат ѓубрарина и комуналии за 1.893 м2 кои ги добија на користење а не беа искористени - објасни Елизабета Јовчевска раководител на правното одделение во Општина Велес.
Таа дополни дека некогашниот Хотел а првобитно Пензионерски дом во Велес е поделен 4/10 на државата и 6/10 на Општината, согласно кој со колку средства учествувал во неговата изградба. Универзитетот решава да ги задржи просториите кои се сопственост на државата а тие што беа отстапени од општината ги враќа.
Од страна на Универзитетот „Св.Климент Охридски –Битола“ со допис од 18.02.2016година е побарано да се изврши повторен увид на просториите и нивна физичка делба. Во дописот навеле дека нема реализација на идејата и трошоците за комуналии се големи и истите не можат да ги издржат, па затоа се откажуваат од користењето на доделените простории.
Во рамките на соработкта на УКЛО и Општина Велес а со цел точно разграничување на просториите, договорено е дополнително, врз основа на постојните елаборати и со консултации со стручни лица, да се изврши разграничување на просторот кој ќе биде во функција на високообразовната дејност - стои во писмениот допис од Универзитот Св. Климент Охридски од Битола, на прашањето зошто не се реализира идејата за Студентски центар во Велес.
На седница на Советот на Општина Велес барањето на Универзитетот Св. Климент Охридски беше едногласно прифатено и просториите повторно се во владение на локалната власт. По ова таа ги презема обрските да ги плаќаа сите комунални трошоци за објектот.
Во Велес има три факулети кои работат при УКО од Битола - Технолошко -Технички, Факултет за информатички и комуникациски технологии и Факултет за туризам и угостителство од Охрид со дисперизирна настава во Велес.
Сите три од почетокот на наставната 2015/6 година предавањата ги одржуваат во просториите на некогашниот Хотел Вила Зора. Дисперзирана настава во Велес има и Економскиот факултет но при УКИМ од Скопје, кој настава одржува само попладне во просториите на Економското училиште.
Tweet |