речник контакт

Битолчанец гостин на регатата

Валентино Сивески четири дена беше дел од регатата, која ја извозе на сопствен кајак

Петар Печков

На годинешнава Вардарска регата имаше и гостин  од Битола, кој желен за авантура и нови искуство, за прв пат  со кајак ја извозе целата делница од Велес до Гевгелија.

Имате исклучителна можност да се поврзе нешто старо и ново. Оддавате почит на Гемиџиите и гемијата,  но и  да се плови по Вардар. Ова во други држави е вообичаена работа, кај нас реткост. Или популарниот рафтинг и затоа сакав да бидам дел од пловидбата, која доколку сум во можност би дошол и следените години  рече Валентино Сивески
 
Тој неколку години ја имал  желбата да плови со регатата, годинава успеал преку пријатели од Велес да дознае кога таа ќе се вози и да се приклучи.   Тој ја извезе регатата во сопствен кајак, кој во Битола го користи на езерото Стрежево. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »