Петар Печков
Објавено: понеделник, 20 март 2023
Во петокот на пладне велешката полиција уапсила млада битолчанка, за која се сомневаат дека извршила разбојника кражба од дом на велешанец при што одзела злато.
„На 17 март во 11.45 часот полициски службеници од СВР Велес ја лишиле од слобода С.К.(20 год) од Битола. Таа се сомничи дека ден претходно, околу 17 часот извршила разбојничка кражба во дом на улица „8 Септември“ при што одземала разновиден златен и сребрен накит. Дел од пронајдените предмети се одземени и вратени на сопственикот“- соопштија од СВР Велес.
По целосно документирање на настанот ќе следи соодветна пријава.
Tweet |