речник контакт

Благ пораст на ново регистрирани случаи на ковид-19 во велешко

Денес, среда има регистрирано 19 нови случаи и 11 оздравени

Петар Печков

Благ пораст на бројот на ново регистрирани случаи со ковид-19, се регистрирани во велешко последните десетина дена. Ова го покажуваат бројките на Министерството за здравство, вклучувајќи ги и денес објавените. Нови 19 случаи на заразени со ковид-19 во велешко, како и единаесет  оздравени се денес, среда.

Бројката на починати лица, како последица на ковид заразата е 104.  Во велешко има 282 активни случаи а досега се заразиле 3.148 лица.

Хоспитализирани  во велешка Болница се 30 пациенти, на  Инфективно одделение  25 и на Интерно петмина. Од  лежечките пациенти  22 се потврдени позитивни, петмина  се  сомнителни и тројца  пациенти се со негативен брис но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се осум  пациенти.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »