Петар Печков
Објавено: среда, 17 јануари 2024
Хуманоста и принципите на Движењето на Црвен крст имаат големи и длабоки корени во Велес. Доказ за тоа е неодамнешното откритие кое велешкиот Црвен Крст го добил благодарејќи на Дејан Перков, која ја пронашол во ОУ СВ. Кирил и Методиј.
„Тој ни достави благодарница која властите во тогашното кралство Југославија му ја врачиле на учителот Новак Ѓурков(иќ) на 26.12.1936 година. Таа е на српски јазик и на истата се прикажани и мотиви со хумана димензија“- вели Орце Николов секретар на ОО Црен крст Велес.
На благодарницата е запишано „Под висока заштита на нивните големини Кралот и Кралицата, Организацијата на Црвен крст на Кралството Југославија почитувајќи ги заслугите на Црвениот крст го одликува со БЛАГОДАРНИЦА Ѓурковиќ Р. Новак, учител од Велес“. Таа е заверена со архивски број 19940. Истата е врамена и може да се види во просториите на Општинската организација во Велес.
Tweet |