Петар Печков
Објавено: сабота, 10 октомври 2020
Семејствата Пиневи од Велес и Диневи од Дојран, денес, сабота, добија благодарници од Министерот за здравство Венко Филипче и Националната координаторка за трансплантација д-р Маја Мојсова Мијовска, по повод одбележувањето на Европскиот ден на органодарителство – 10 Октомври.
Семејствата Диневи и Пиневи кои донираа органи од свој близок, на Медицинскиот факултет и на здравствените установи, кои активно се вклучени во трансплантацијата со една единствена цел – спасување на човечки животи и шанса за втор живот на пациентите на кои им е неопходна трансплантација на орган.
Министерот Филипче истакна дека за првпат во нашата земја се направи трансплантација на срце, во услови на пандемија од ковид-19, а потоа се направија и две трансплантации на бубрези.
Оддадовме најголема почит и благодарност на семејствата Диневи и Пиневи кои донираа органи од свој близок за го продолжат животот на друг. Тоа е највисокиот чин на хуманост! Трансплантацијата е процес којшто е многу сложен, комплексен. Вклучува активности на експерти од повеќе специјалности. Таков мултидисциплинарен, мултисекторски пристап е нешто што со години функционира во сферата на трансплантација на бубрезите, во сферата на трансплантација на коскена срцевина. За трансплантацијата на бубрези се направи електронска листа на чекање и софтвер за избор на потенцијални приматели на органи во ситуација кога има кадавер во системот на Мој Термин. Се направи листа на чекање на пациенти на кои им е потребна трансплантација на црн дроб, понатаму на коски и сето тоа е дел од таа национална листа за чекање, заедно со Националната листа на потенцијални приматели на срце и педијатриската листа на срце- истакна министерот Филипче
Tweet |