речник контакт

Благоја Чоревски

Многу симболика има во доделувањето на годинашнава награда за животно дело „Петре Прличко“ на Благоја Чоревски кои што меѓусебно ги поврзуваат колегијални, роднокрајни, роднински и пријателски врски.

Петар Печков

Многу симболика има во доделувањето на  годинашнава награда за животно дело „Петре Прличко“ на Благоја Чоревски кои што меѓусебно ги поврзуваат колегијални, роднокрајни, роднински и пријателски врски. Богатството кој тој му го дал, можноста да биде присутен до него кога заедно учеле улоги, оделе заедно на претстава е немерлива и единствена.

- Растев покрај Петре Прличко, играв и учев со него, тој ме крсти мене и брат ми, татко ми ги венчал, а неговата ќерка Анче ме венча мене. Затоа да се биде добитник на награда која го носи името на бардот на македонското глумиште, кој не е само од Велес туку тој е светски актер, може да ве однесе во висините. Богатството што го имав да бидам со него додека тој беше жив е реткост, таа можност ја  имаше и неговиот внук Игор Џамбазов и никој друг – вели Чоревски, кој многу емотивно го доживеа моментот на добивањето на ова признание. Неговиот татко Трајко играл во првата претстава на македонски јазик „Платон Кречет“ во далечната 1947 година. Благоја, Чоре постариот е роден во Велес 1947-та а дипломирал на престижната театарската академија ,,Крсто Сарафов,, во Софија 1971-та година, додека негов помлад брат е исто актер Борис , Чоре помладиот. Благој има одиграно стотина улоги во Драмскиот театар во Скопје, од комедија до трагедија, каде не штедејќи се ја докажува својата актерска умешност, гостувал и во Театгрот за деца и младинци, има ролја и во музикл и кабаре.

- Триесет и седум години сум професионално во тетарот а од три годишна возраст веќе бев на сцена, бидејќи друго и не сум можел откако и татко ми и мајка ми биле во театарот. Татко Трајко ми почнувал со Прличко во патувачкиот театар Боеми, така што моите актерски корени се длабоки – објаснува Чоревски. Наградата гордо вели ќе ја закачи дома вчело а ќе направи и медалјон од плакетата за да му биде при срцето, бидејќи од Прличко многу научил. Чоревски има одиграно и повеќе улоги во филм а публиката го помни како Кирца од ,,Викенд на мртовци,, или во театарот од трагичниот Стево во „Диво месо“ до бескрајно комичниот Шандебиз во „Одам на лов“. Тој има друг избор на негови ролји кои ги одиграл заедно со Прличко.

- Ја одвојувам претставата „Полнета птица“ на Фадил Хаџиќ каде настапував со Прличко. Тој за оваа претстава велеше, Хаџиќ е тежок сатиричар, внимавајте што ќе извлечете за играње. Неговиот монолог кога ја објаснува полнетата птица е мајсторство, врв на глумата. Штета што снимката од  оваа претстава беше оштетена при една пукната цевка во Драмски. Тој беше создаден да даде повеќе од вие што можете да дадете. Таков актер  и таков човек беше Прличко – вели Чоревски. Објаснува дека Прличко имал чуден начин на учење на текстот. Тој не ги помнел зборовите, туку првите букви од зборовите. Ова малку кој го практицирал оти било многу е тешко, ама кај Прличко фукнционирало. Ако тој многу помагал на колегите при подготовктие на улогите но не давал да го гледаат како лови риби,  за да не видат како ги подготува мајсториите за јадиците. Чоревски ја продолжува традицијата на  Борис Бегинов и актерите родум од Велес кои оставија голема трага во македонското глумиште, Петре Прличко,Тодор Николовски, Јосиф Јосифовски.

- Оваа споредба ме прави горд, бидејќи се чувствувам како нивен син,  на тие Богови на театарот. Се чувстувам возвишено. Ако сите ние кои потекнуваме од Велес сме следбеници на основположникот на театарот Џинот и ако добро го правиме тоа, тоа е најголемата награда - вели Благоја Чоревски. Тој е добиник на државната награда 11-ти Октомври, Св.Климент Охридски, Војдан Чернодрински, Стериина награда.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »