речник контакт

Блокада на магистралниот пат Велес - Штип

Жителите на неколку велешки села вчера напладне го блокираа магистралниот пат Велес - Штип во времетраење од еден час.

Петар Печков

Жителите на неколку велешки села вчера напладне го блокираа магистралниот пат Велес - Штип во времетраење од еден час. Тие на овој начин го искажаа незадоволството од распределбата на државното земјиште кое се случи пред две години.

Откако во повеќе наврати се обиделе да укажат на неправилностите и кај минатата и оваа Влада, не добиле одговор по што како единствен начин да си ги изкажат маките била блокадата на правецот Велес -Штип. Во  четврокот во терминот од 11 до 12 часот со тешка механизација беше оневозможен сообраќајот на оваа релација.

- Земјиштето е делено фиктивно, на неколку локални моќници, обичниот земјоделец не доби ништо. Дел од овие парцели пред 50 години насилно се одземени од моите предци и влегле во тогашен Лозар, па сега јас немам што да работам. Затоа бараме нова поделба на земјиштето -изјави Никола Ристов еден од незадоволните земјоделци.

Со него беа и повеќето колеги од поранешниот АД агрокомбинат Лозар, кој сега е ликвидиран. Протестираа педестина земјоделци од селата Мамутчево, Иванковци, Кумарино, Дурфулија и Каратманово. Тие најавуват дека блокадите ќе ги продолжат секој ден по еден част повеќе, доколку не бидат примени од надлежните од Министерството за земјоделие каде ќе го пренесат незадоволството од распределбата на државното земјиште.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »