Петар Печков
Објавено: четврток, 06 август 2015
Пливачката Анастасија Богдановски оствари олимписка Б-норма и на патеката 100 метри слободно на Светското првенство во спортови на вода во Казан, Русија.
Таа оваа патека ја исплива во време на нов рекорд на Македонија – 56,12 секунди, што е за 24 стотинки подобро од претходнниот рекорд, односно 22 стотинки подобро од зададената квота како предуслов да добие покана за Летните олимписки игри во Рио де Жанеиро в година.
Со оствареното време Богдановски, која има велешко потекло а живее и студира во САД го освои 35 место од 90 пливачки во оваа дисциплина а беше втора во шестата квалификациска трка од вкупно 10.
Пред два дена, Богдановски го подобри сопствениот државен рекорд на 200 м слободно – 2:01,28 и уште еднаш ја потврди претходно остварената Б-норма во оваа дисциплина, со што во Рио на Олимпијадата до година ќе плива во две трки.
Tweet |