речник контакт

Богоевска бара одговори за реконструкцијата на Хотелот Интернационал

Реконструкцијата, надградбата и доградбата на зградата на поранешниот хотел Интернационал предизвикува голем интерес во јавноста- смета Стојанова Боговска

Петар Печков


Реконструкцијата, надградбата и доградбата на зградата на поранешниот хотел Интернационал во центарот на градот предизвикува голем интерес во јавноста

За да се расчистат сомневањата за можна спрега на градоначалникот Чадиев и одредени бизнис групи и за грубо кршење на законските прописи и за да се дојде до вистината, на градоначалникот Чадиев јавно му ги поставуваме следните прашања:

Кога и на кој начин фирмата Макоил ја продала зградата на Хотел Интернационал, кој е новиот сопственик и дали при промената на сопственоста е платен данок на промет на недвижности.

Кој според законот е инвеститор на  реконструкцијата, надградбата и доградбата на зградата на хотелот.

Според кој законски пропис е извршена пренамена на просторот за трговија, за деловни простории и за станови, бидејќи со постоечкиот детален урбанистички план за централното градско подрачје намената на зградата на хотелот е само и исклучиво за хотелско сместување.

Дали е издадено решение за локациски услови и одобрение за градење и дали во тие документи е предвидена надградба на објектот и пренамена на просторот.

Дали е одобрена студија со позитивна оценка на остварениот квалитет на сеизмичка заштита во согласност со генералната државна стратегија за контрола и намалување на сеизмичкиот ризик од Институтот за земјотресно инженерство и инженериска сеизмологија.

Дали е направена ревизија на изведбениот проект.

Кој ќе ја преземе одговорноста доколку и при помал земјотрес незаконската, нестручна, неквалитетна и дилетантска надградба на зградата на хотелот се сруши и усмрти или повреди гости во хотелот и случајни минувачи по тротоарот и улицата.

Ние ја почитуваме пресумпцијата на невиност. Никој не е виновен додека тоа не се докаже на суд. Но, сакаме да потенцираме дека одговорност мора да има за сите, без оглед на нивните позиции, доколку надлежни органи  и судови во законски постапки утврдат дека е направен криминал и е оштетен јавниот интерес на граѓаните на Велес – изјави Весна Стојанов Богоевска кандидат од листата за советници на коалицијата на СДСМ.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »