Петар Печков
Објавено: петок, 23 декември 2022
Советот на Јавни обвинители на денешната седница изврши избор на основни јавни обвинители за неколку обвинителства.
За подрачјето на ОЈО Велес и избрана Цветанка Богоевска. Таа има завршено Академија за судии и јавни обвинители..
Основен јавен обвинител за подрачјето на Кавадарци е избрана велешанка која работи и живее во овој град, Елизабета Мишева Јорданова со втор мандат.
Богоевска и Мишева Јорданова на позицијата Основен Јавен Обвинител имаат мандат од четири години.
Tweet |