речник контакт

Богомилчанец останал и без пари и без кола во Струга

Двајца разбојници го нападнале со пиштол

Петар Печков

Понеделникот навечер  околу 18 часот во Струга две непознати лица извршиле разбојништво над Д.П. (27) од Богомила, велешко. По претходен договор за купопродажба на ПМВ „БМВ“, Д.П. дошол во Струга и се сретнал со лицето договарач Телемак „Н“ и уште едно непознато лице. 

Во еден момент му впериле пиштол во слепоочницата, му ставиле платнена прекривка и бил удиран по главата. Притоа му одзеле паричник во кој имало лична карта, 1.300 денари, трансакциски картички од банки, 6 400 евра и мобилен телефон. 

Полицијата  презема мерки за пронаоѓање на лицата и за целосно расчистување на случајот.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »