Петар Печков
Објавено: четврток, 07 јануари 2016
Педесетина лица од Здружението на лица со церебрална парализа на Божик присуствуваа на Божикниот појадок, во Нараодно-црковната кујна во Дворови, настан кој го организираше Повардарската Епархија на МПЦ-ОА.
Овие лица добија и новогодишни пакетчиња. Појадокот беше донација од Розе салата, пакетчињата од Владиката Агатангел а тортите од Слаткарница Родне.
На овој начин сакаме да им го честитаме на овие лица, раѓањето на спасителот Исус Христос, да им даде крепко здравје, да им даде мир и спокојство а на родителите огромна енергија за да можат овој тежок крст да го носат - рече Владиката Агатангел.
Овој Божикен појадок е четврти по ред. На настанот свој настап имаше и младинскиот црковен хор Св. Кирил и Методиј под дирегентство на Веселинка Маџарова.
Tweet |