Петар Печков
Објавено: сабота, 09 јануари 2016
Настан кој остана запишан во светската историја, се случи на Божик (католички) 1914-тата година, на Западниот фронт. Тој беше неформален чин кој го спроведоа војниците, сами без договор, чин кој остана забележан во историјата како големо дело на човештвото.
Според записите било недела, кога германските и британските војници, излегле од рововите, размениле честитки и разговарале, се прегрнувале. Се случило на ничија земја. Разменувале и храна и сувенири. Се случиле и заеднички погреби на починати и размена на заробеници. Некаде се пеело, дури се одиграл и фудбалски натпревар, каде победиле Германците со 3:2 против Британците. Наспроти ова на други делови од фронтот војната продолжила без прекин. Божикното примирје се случило на Божик, 25 декември 1914-та година за време ан првата Светска војна.
Настанот бил во близина на белгискиот град Ипрес, Фландрија, кога Германците започнале да пеат Божикни песни, излегле од рововите, ги повикале Шкотите да се придружат, што и се случило. Шкотите пееле свои песни. Овој чин продолжил со излегување од рововите, на ничија земја, каде војниците меѓу себе се поздравувал играле, пееле. Непријателството се заборавило, се случило чудо.
Однекаде се појавила фудбалска топка и започнал историски фудбалски натпревар кој е запишан во светската историја. Шкотите својот гол го создале до ранци и капи, а Германците од шлемови. На калливото поле, каде до пред некој час имало стотици мртви, се играло фудбал. Победиле Германците со 3:2. Иако примирјето требало да трае еден ден, само ан Божик, по повлекувањето никој не сакал прв да пука, па траело четири дена.
Кога повисоките старешини дознале за ова, пониските биле казнети, расчинети преместени на друг дел до фронтот а новите кои дошле до двете страни, дале наредби за пукање, стрелба по што војната продолжила. Интересно е што меѓу тие кои биле против ова примирје, е запишано и името на младиот каплар од 16-тата Баварска резервна пешадиска дивизија извесен Adolf Hitler.
По ова следните години, до крајот на Првата Светска војна, вакво нешто не се повторило, нити се случило. Историјата запишала дека на истото место, шест месеци подоцна се случи и првиот напад со хемиско оружје, со боен отров, кој според градот Ипрес е наречен Иперит.
На местото каде војниците го прекинале војувањето и се радувале на животот, подоцна илјадници млади умирале во страшни маки од отровот. За Божикното примирје јавноста во земјите учеснички во војната не знаела, а ќутењето го прекинал весникот ,,Тајмс,, а ,,Мирор,, жалел што апсурдноста и трагедијата на војната, повторно ќе продолжат. Германците и Французите успешно ги замолчеле нивните весници за овој настан.
Првата Светска војна однесе 600 илјади жртви.
Tweet |