Петар Печков
Објавено: четврток, 19 август 2010
Од општина Велес планираат оваа манифестација да се реализира во партнерство со винариите и рестораните од Велес и ќе се одржи во третата недела од ноември кога според енолозите ширата преминува во вино.
Заедно со празникот на виното ќе се вклучи и манифестацијата питијада по барање на угостителите од Велес затоа што тие сакаат презентацијата на овој производ да биде на почетокот, а не на крајот на сезоната на пастрмајлиите.
Досега ,,Божуле – празник на виното,, во неколку наврати го организираше сопственикот на винаријата ,,Тристо,, Ристо Ташев, секој трет четврток во ноември. ,,Питијадата,, пак годинава покажа дека го надмина досегашниот начин на организирање, кога се се случуваше во 60-тина минути, во кој период поголем дел од велешани доаѓаа ги купуваа питите за дома и си заминуваа.
Ниту просторот не одговараше за огромниот интерес, па так во пресрет на новиот термин, општината ќе треба да најде соодветна локација каде ќе може поголем број ресторани, поголем број велешани да можат на лице место да уживаат во овој специјалитет.
Во тој случај прашање е и дали таа треба како досега да биде со хуманитарен карактер или како останатите слични манифестации во земјава, питијади во други градови, Пиво фест, пачијади, да биде чисто комерцијална за промоција на производите карактеристични за велешкото поднебје.
Tweet |