речник контакт

Болница и лечење за мајката која си го уби шестгодишниот син

Џавафира Ајрулова ( 31 год) побара наместо во Болница да се лечи дома, оти имала уште шест деца за чување

Петар Печков

Џавафира Ајрулова ( 31 год)  од велешкото село Долно јаболчиште ќе оди во психијатриска болница оти не е пресметлива за убиството на нејзиниот шестгодишен син. Ова е одлука на Основниот суд во Велес а по добиеното вештачење на докторите од ЈЗУ Психијатриска Болница Скопје. Тие констатирале дека Џавахира има депресивно растројство, отсуство на тага и без желба за радост, во моментот на убиството не можела да го сфати делото, дека е непресметлива и најдобро за нејзините шест останати  деца е таа да оди на задолжително лекување.

Ова го прифати обвинителството, па судот ја испрати во болницата Бардовци. Таа пак побара наместо во болница, да се лечи дома, бидејќи немало кој да и ги чува шесте деца, оти сопругот  Муамед  времено работи во Италија. Тој беше присутен на судењето и заедно, фатени за рака со сопругата Џавахира го следеа процесот. Нејзиното барање беше одбиено и беше објаснето дека единствено таква одлука за домашно лекување, можат да донесат докторите а не судот. Таа пак при одбраната детално опиша како се случил крвавиот настан да си го убие сопствениот шестгодишен син Салко, кој и бил од претходен брак.

Често во главата ми се слушаа гласови,,стани и оди,, и имав големи главоболки. Така и тој ден ми се повтори, по што станав да одам до нивата. И друг пат ми се случувало, па за да ми поминат болките и мачнотиите заминував таму. Со мене земав синот од година и пол, но сестрата на сопругот му го зема од раце. Од шифоњерот го земав пиштолот, кој ми го остави сопругот, да се најде за секој случај додека е тој отсутен  и заминав. По мене тргна син ми Салко, за да види што ми е, му велев да се врати но тој не сакаше. Кога дојдовме кај нивата, не можам да кажам зошто, земав пиштолот и го пукав. Му потече крв од устата го миев во реката, му давав да се напие, па се обидов да го спасам. Се јавив на роднините кажав што сторив, дојдоа го земаа детето. Сакав и јас да се убијам. Никогаш не сум ги делеле децата чии се, дали мои на сопругот или заеднички. Седум деца гледав сите ми беа исти – рече Џавахира, која нејзината изјава ја даде без многу емоции или каење.

Пет деца биле од претходниот брак на сопругот Муамед, едно од нејзин претходен брак убиениот Салко и едно заедничко.  Таа потсети дека пред да се случи убиството била на лекување во велешката Болница, добила лекови за пиење, но три дена не ги земала, по што се случил крвавиот инцидент.  Ова е четврта изречена мерак на задолжително лекување во психијатриска болница  за убиство, во велешкиот суд во последните шест месеци.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »