Петар Печков
Објавено: среда, 11 февруари 2026
Службите од Општа болница Велес не можат да пребројат за колку скршеници имаат интервенирано во месец јануари, споредено со декември лани. На поставеното прашање „Од почетокот на годинава, со ниските утрински температури, колку граѓани побарале помош поради скршеници на екстремитети, раце нозе? И за споредба каква била состојбата во декември лани? Истото е поставено на 27 јануари 11:14 ч. а до денес 11 февруари до 11часот одговор нема.
Вакви прашања и одговор биле поставувани во минатото претходни години, и добиван одговор. Овој пат одговор нема и покрај усните телефонски потсетувања на обврската од службите во болницата.
| Tweet |




