речник контакт

Болницата Јасеново, Македонски Шварцвалд

Предадени во употреба двата реновирани павилјона, едниот амбуланта, вториот стациоанр со 40 легла

Петар Печков

Специјалната Болница за белодробни заболувања и туберколоза Јасеново крај Велес доби два нови павилјони кои беа реновирани изминатите дванаесет месеци а во неделата беа свечено пуштени во употреба. Болницата се наоѓа на падините од Јасеновската планина на 400 метри надморска височина и со таа во Лешок, се единствени во земјава за овие болести.

Поради својата местоположба и локацијата во густа шума, пациентите ја нарекуваат македонски Шварцвалд бидејќи таа е вистинска воздушна бања. Но освен белодробните болести од пред десетина години тука се лекуваат и срцевите болни. Со инвестицијата на Министерство за здравство, Болницата Јасеново   уреди нова амбуланта, болнички стационарен дел со четириесет легла,  беше набавена  нова специјалистичка  опрема.  Набавени се и сончеви колектори со што оваа ЈЗУ преку целата година ќе добива топла вода и ќе има енергетска  заштеда на струја. 

Нашиот сон се исполни и по 60 години ја реновиравме Болницата.  Добивме европска болница со високи стандарди, каде нашите пациенти се чувствуваат подобро, поудобно  порелаксирано и се надевам дека ќе бидат позадоволни. Ги имаме сите процедури за дијагностика, лекување и рехабилитација  на срцевите и белодробните болести. За еден ден ги работиме сите испитувања потребни и неопходни за констатирање на болеста на пациентот – вели д-р Гоце Бузалков директор на Болница Јасеново. Таа има пет доктори специјалисти, осум сестри со кој успешно ја извршува задачата. Со реновирањето на Болницата набавена е и нова дополнителна опрема, анализатори, ехо апарат, коронарен стрес тест.   Со нив треба да се одговори на барањата на пациентите за квалитетно лекување.    

Во реновирањето на оваа здравствена институција се вложуваат 130 милини денари. Повеќе од половина се употребени во првата фаза а остатокот за следната која започнува од неделава.  Оваа здравствена установа е позитивен пример во македонското здравство и е за пофалба оти нема долгови, одлично работи и функционира, си ги покрива сите трошоци за работа.  Со успешниот начин на менаџирање е пример во здравство, како треба да се работи.  Од  наредната седмица  следи обнова на преостанатите постојни две крила, со што комплетно ќе се смени сликата за оваа шест децении стара клиника  и таа ќе може да прими седумдесет пациенти – вели Никола Тодоров министер за здравство.

Со изведувањето на  градежни работи се зголемува и капацитетот и условите за престој на пациенти а со набавената опрема условите на  лекарите за работа.  Болницата  за белодробни заболувања Јасеново е изградена  е 1948 година  а досега имала мали незначајни поправки. Во неа се лекуваат пациенти од цела Македонија и годишно има 4,5 илјади прегледи и до 1,2 илјади  пациенти кои се престојуваат тука. Поголемиот дел  60 отсто од пациентите се со белодробни заболувања и 40 од срцеви заболувања.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »