речник контакт

Болницата Јасеново воведе две нови услуги од областа на кардиологијата

Болницата Јасеново воведе две нови услуги од областа на кардиологијата, со кои пациентите од Велес и околните општини не ќе мора повеќе да патуват до клиниките во Скопје.

Петар Печков

Болницата Јасеново воведе две нови услуги од областа на кардиологијата, со кои пациентите од Велес и околните општини не ќе мора повеќе да патуват до клиниките во Скопје. Овие две методи за следење и лекување на срцевите заолуања  успешно се применуваат три месеци наназад, со што пациентите  добиваат квалитетна услуга а не се изложуваат на дополнителни трошоци.

- Воведовме  коронарен стрес тест  како и Холтер 24 часовно следење на крвниот притисок и срцевата работа. За овие услуги осигурениците од регионот чекаа со месеци на скопските клиники а ние неколку месеци наназад успешно ги применуваме.  Двете методи беа  недостапни за стотина илјади жители од велешко и соседните општини – изјави д-р Гоце Бузалков директор на Болница Јасеново специјализирана за белодробни и срцеви  заболувања. За сработеното во 2009-тата година, менаџерскиот тим на Болницата доби награда од Минситерството за здравство за најдобро финансиско работење.

Сите дијагностички процедури за белодробни заболувања, почнувајќи од тестови за алергии, клниички, лабараториски и спирометриски испитувања, рентген снимања од неодамна во оваа институција се можни да се остварат за еден ден. Таа има капацитет од 100 легла а минатата година забележала рекордни 3,5 илјади амбулантни прегледи и 1,2 илјади лежечки пациенти што било 30 отсто повеќе од планираните услуги. Раководството на болницата се пофали дека освен од велешко,  имаат се повеќе пациенти од Повардарието и од Источна Македонија. Болницата Јасеново се наоѓа на падините од Јасеновската планина на 400 метри надморска височина и со таа во Лешок, се единствени во земјава специјализирани за белодробните заболувања.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »