Петар Печков
Објавено: недела, 16 март 2014
Болницата Јасеново доби нов автобус со кој ќе можат вработените и нивните пациенти, безбедно да патуваат секој ден на релацијата Велес-Болница Јасеново - Велес.
Автовусот е од марката неоплант, стар 10-тина години добиен преку Минситерството за здравство. Ова доаѓа по посетата на министерот пред извесно врема, при што раководството побара нов автобус, оти постојниот е стар и дотраен и ја загрозуваше безебдноста и на патниците но и на останатите учесници во собораќајот.
Набргу по ова преку Агенцијата за упоравување со одземен имот, автобусот е доделен на Болницата Јасеново за нивни потреби. Ќе биде ставен во функција откако ќе биде регистриран.
Tweet |