Петар Печков
Објавено: петок, 18 октомври 2019
Велешката Болница денес доби донација, санитетско возило марка ,,мерцедес,, . Тоа е подарок од германската компанија ,,Дрекселмаер,, вредно околу 20 илјади евра. На овој начин се зголемува скудниот возен парк на ЈЗУ Општа Болница, од што корист ќе имаат пациентите .
Ова возило е донација од нас за граѓаните, пациентите, на Велес и регионот. Ние и понатаму со други проекти остануваме партнер на овој регион - порача Лукас Мирингер, генерален директор на Дрекселмаер Македонија.
Во оваа компанија се вработени и околу 750 лица од Велес. Санитетското возило било одлично опремено, со неопходната опрема и на болницата и останува само да го регистрира за да може да се користи.
„Болницата имаше проблеми во санитетски возила , имавме најава дека преку Министерството ќе добиеме, засега не се случи. Возилото многу ќе ни значи бидејќи сме во многу лоша состојба, имаме едно возило кое постојано се расипува. Ова возило ќе биде од голема корист за граѓаните на Велес но и за пациентите од регионот - кажа д-р Божидар Бојаџиев, директор на велешката болница.
Tweet |