речник контакт

Бомбите на СДСМ во Велес

Презентирани четири телефонски разговори, кои според опозицијата зборуваат за партиско договарање на разврска на неколку афери

Петар Печков

25-тата бомба на СДСМ,  беше презентирана  денес во Велес во Ликовниот салон, а  според претседателот на  велешките социјал демократи   Иванов телефонските разговори откриваат  детали околу  разврската на  судскиот  случај ,,Сопот,,  аферата ,,Визарис,, и пронаоѓањето  на кокаин кај синот на претседателот на собранието.  

Меѓу презентираните телефонски разговори, Иванов  рече дека е разговор помеѓу велешкиот пратеник Илија Димовски и министерската Гордана  Јанкуловска, во која се бара помош за притвор за велешанец, а тоа да  се издејствува преку  обвинителот Зврлевски.  

Ќе слушнете  како пратеникот  Илија Димовски нарачува притвор  за  свој сограѓанин  од Велес  и бара помош од Јанкуловска да се издајства притворот со  помош на јавниот обвинител  Марко Зврлевски.  Министерката се нуди за  помош, ќе притиснела и како што самата вели ако треба и ќе ургира. Овој разговор  ја потврдува директната контрола на власта над обвинителството  и  партиската сервилност на Зврлевски. Се оди  до таму што партиските функционери на партијата  на власт можат да  си порачаат и притвор за некои  свои сограѓани   - рече Иванов.  

 Тој   најави снимки од три  разговори, како што ги нарече скандали, кои   ги поврза со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер  на Владата Никола Груевски, со неговите соработници. 

Ќе слушнете за случајот ,,Визарис,,  и Ивона Талевска, кој се обидуваше да  докаже дека не стои зад фирмата и дека  милион евра не  легнале на нејзината сметка, па дури и покрена тужби. Е па легнале и повеќе од милион евра.   Се  сеќавате дека Јанкуловска и Груевски се оградуваа од случајот ,,Сопот,, но не е   така, вмешани се.  Ќе слушнете  класична потврда дека судските пресуди се носат со консултација со Груевски. Дали го помните случајот  на синот на собранискиот претседател Велјановски, кој беше фатен со дрога и како власта се обидуваше да  го замачка случајот. Е го замачкале со директно знаење на Груевски. Вистината   е една и единствена  и од неа нема бегање - изјави Иванов.

Беа објавени телефонски разговори, кој Иванов  ги посочи  дека се помеѓу  Драган Павловиќ Латас и Ивона Талевска,  Гордана Јанкуловска и Сашо Мијалков,  Никола Груевски и Гордана Јанкуловска. 

Во телефонскиот разговор помеѓу Латас и  Талевска, тоа што го зборуваше СДСМ се докажа. Ивона потврдува дека стои зад Визарис, знаела  пред време дека ќе помине тендерот, неколку месеци пред да го избере Министерството за здравство. Ќе слушнете дека е убедена дека на крајот од 2013-та, ќе и легнат парите. А потоа ќе живее како мечка во пештера, нема да се луксузира ,за да не падне во очи со парите   што ќе ги добие - рече  Иванов.

За телефонскиот разговор помеѓу  Јанкуловска и Мијалков, Иванов рече  дека е   потврда за   дека судските пресуди  биле   предмет на коалициски   договарања помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и  ДУИ.

Ова според него се однесува на предметот „Сопот“ кога во 2002 од нагазна мина беа убиени двајца полски војници членови на  НАТО.

Третиот презентиран телефонски разговор, за Иванов е потврда дека  синот на претседателот на македонското Собрание Велјановски бил фатен со дрога на грчката граница и тоа со куче трагач. За Јанкуловска и  Груевски синот на Велјановски е ,,проблематичен,,  а целиот случај е ,,апла скандал,,. . 

Видеото може да го погледнете на следниот линк https://www.youtube.com/watch?v=wZ2D1J1GeHg

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »